VILLA BISERA – Полихроно Villa Bisera е нов објект лоциран непосредно до еден од влезовите во Полихроно. Оддалеченоста од околу 70м до главната улица која минува крај црквите во Полихроно, како и дополнителните 300м до градската плажа, ја карактеризираат вилата како одличен избор за престој во Полихроно. Овој целосно реновиран објект со квалитетен мебел и инвентар, од минатата година се вброи меѓу најубавите објекти за приватно сместување во ова познатото туристичко летувалиште. Во својот состав објектот располага со повеќе студија и апартмани, распоредени во приземје и трите ката на зградата. Студијата освен со мини кујна опремени се и со дупли и помошен лежај на отварање, кој е соодветен за сместување на…
-
-
Villa Penny
VILLA PENNY – Ханиоти Villa Penny освен со своите сместувачки капацитети, располага и со прекрасен зелен двор, базен со пул-бар, детско мини игралиште, скара и сопствен паркинг простор. Таа се наоѓа во новиот дел на Ханиоти во правец на патот кон Пефкохори, на оддалеченост од околу 300м од плажата и 500м од центарот на местото. За оваа летна сезона, во понуда ги издвојуваме студијата на кат со капацитет до три лица, кои во својот состав бројат двоен лежај од два стандардни кревети и дополнителен кревет за трето лице. Сите студија се опремени со кујна, тоалет со туш и сопствена тераса. Вилата располага и со рецепција и присуство на одговорно лице.…
-
Villa Gregory
VILLA GREGORY – Ханиоти Villa Gregory се состои од две згради лоцирани во близина на еден од влезовите во Ханиоти и супермаркетот “Masutis”. Во својот состав брои повеќе квалитетно опремени студија и апартмани за сместување со различен капацитет и квадратура. Во зависност од типот на единиците, тие се распоредени на три нивоа (приземје, прв и втор кат). Сопствениот двор, близината на потребните содржини за снабдување и забава, кратката оддалеченост од градската плажа (околу 400м) како и од центарот на Ханиоти, овој објект со години го издвојуваат како мошне популарен за многубројните туристи од регионот. За оваа летна сезона, во нашата понуда ги вброивме еднособните апартмани лоцирани на првиот кат од…
-
Villa Olympia
VILLA OLYMPIA – Неи Пори Villa Olympia е лоцирана на околу 250м од големата песочна плажа, во третата линија на објекти и непосредна близина на кружниот тек во стариот дел на Неи Пори. Како објект, таа се карактеризира со убаво организиран двор, како и со повеќе различни единици и капацитети за сместување. Студијата и апартманите се наменети за сместување на 2 до 4 лица на гости и истите се распоредени на вториот и третиот кат од објектот. Секое студио и апартман има соодветна опрема на мебел и мини кујна, бања со тоалет, тераса, ТВ и клима уред (со доплата), како и WiFi интернет. Паркингот за патнички возила, е можен во…









