Haus Litea се наоѓа во Неа Потидеа на прва линија до плажа, првото населено туристичко место на Халкидики, првиот крак Касандра на околу 65 км оддалечено од Солун. Мало селце, познато по туризам и риболов, погодно за оние кои сакаат мир и тишина и идеално за фамилијарен одмор. Местото изобилува со различни таверни и ресторани во кои се подготвува традиционална грчка кујна. Сопствена плажа (широка и долга) пред самата вила со песок и камчиња. Опис на објектот Вилата е составена од два објекти А и Б. Располага со трикреветни студија и четворокреветни апартмани. За секое студио/апартман следуваат 2 лежалки и еден чадор на плажа – гратис. 1/3 студио: Во една просторија кујна и три стандардни кревети. 1/4…


