• Лептокарија

    Вила Дима

    Villa Dima – 2 студија на приземје VILLA DIMA – Лептокарија Попрецизно, студијата Dima се наоѓаат на високото приземје од истоимениот објект и на само триесетина метри од градската плажа и променадата на Лептокарија. Нивната локација како и квалитетната опременост, се добар мотив за ваш избор при одлуката за реализирање на летниот одмор во Лептокарија. Освен со современ мебел, студијата се опремени и со сите потребни апарати, тв и клима уреди, како и пространи тераси за комфорен престој во текот на летниот одмор. Сервисот на гостите, за кој се грижи рецепцијата на блискиот хотел Olympos, е само дополнитена гаранција за квалитетно сместување и добар летен одмор. Паркирањето е можно, на…

    Comments Off on Вила Дима
  • Паралија

    Вила Атина

    ПАРАЛИА е сместена во прегратките на планината на 12-те богови Олимп и преставува прекрасна комбинација на планината и морето. Паралиа е идеално место за патници кои сакаат да уживаат во пријатната медитеранска клима и убавата долга плажа. Не може да не се споменат и локалните продавници кои располагаат со голем спектар на подароци, туристички материјали и фенси стоки (кожени производи, накит, облека, итн), но исто така и ноќниот живот со безброј барови, таверни, ресторани и ноќни клубови кои ја комплетираат туристичката понуда на локацијата и ветуваат дека ќе го направат вашиот одмор незаборавен. ВИЛА АТИНА се наоѓа на самото шеталиште измеѓу првата и втората улица оддалечена 30 метри од плажа,…

    Comments Off on Вила Атина
  • Полихроно

    Вила Елена

    Вила Елена се наоѓа на 20м од плажа, во строгиот центар веднаш на десната страна на споменикот на Полихроно.Вилата се наоѓа во центарот на Полихроно – мало туристичко селце во кое живеат околу 1.000 луѓе во текот на целата година. Се наоѓа на оддалеченост од 96 км. од Солун и 179 км. од македонската граница, сместено на првиот крак Касандра од источната страна, со поглед кон вториот крак, Ситонија. Долгото шеталиште покрај кристално чистото море изобилува со таверни, продавници, бутици, кафе барови, апартмани, хотели. Погодно е за млади како и за фамилијарен одмор. Плажа20 метри од тесна песочна плажа. Вилата има 4 паркинг места и скара во дворот. Во собите: кујна со прибор за готвење…

    Comments Off on Вила Елена
  • Неа Потидеа

    Вила Haus Litea

    Haus Litea се наоѓа во Неа Потидеа на прва линија до плажа, првото населено туристичко место на Халкидики, првиот крак Касандра на околу 65 км оддалечено од Солун. Мало селце, познато по туризам и риболов, погодно за оние кои сакаат мир и тишина и идеално за фамилијарен одмор. Местото изобилува со различни таверни и ресторани во кои се подготвува традиционална грчка кујна. Сопствена плажа (широка и долга) пред самата вила со песок и камчиња. Опис на објектот Вилата е составена од два објекти А и Б. Располага со трикреветни студија и четворокреветни апартмани. За секое студио/апартман следуваат 2 лежалки и еден чадор на плажа – гратис. 1/3 студио: Во една просторија кујна и три стандардни кревети. 1/4…

    Comments Off on Вила Haus Litea
  • Калитеа

    Вила Меропи

    Вила Меропи се наоѓа на самата магистрала, во строгиот центар на Калитеа, веднаш до семафорите, излегува на првата пешачка уличка. Не располага со паркинг, на 200м од самата вила на 3 паралелни улици со неа има бесплатен паркинг за возила. Во нејзина близина се наоѓа, маркет, слаткара, продавници, фурна, ресторани, кафетерии итн. На 200м одалеченост се наоѓа плажата до која се стига преку улица или скали, Калитеа е сместена на повисоко теренско место, затоа пристапот до плажа е по удолница. Сите соби се наоѓаат на прв спрат и се трокреветни, т.е еден дупли кревет и еден единечен, мини кујна со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет, мал и тесен…

    Comments Off on Вила Меропи
  • Калитеа

    Вила Теа

    Вила Теа се наоѓа на самата магистрала во центарот на Калитеа, веднаш до подвозникот кој води до плажа, веднаш до малата црква и паркот видиковец. До плажа има 200м пешачење. Вилата се состои само од 2+1 студија и две трокреветни студија. Сите нејзини соби гледаат кон море и се лоцирани на приземје или прв спрат, без разлика на тоа на кој спрат се, сите имаат ист поглед. Паркинг е дозволен пред самата вила но не е препорачливо, на 30м од вилата има паркинг на самата улица и е бесплатен. Наспроти вилата има, продавници, ресторани, гиро, голем маркет Мазутис, фурна, продавници за сувенири, бунди, бижутерии и летна опрема. Студијата 2+1 имаат…

    Comments Off on Вила Теа
  • Калитеа

    Вила Посеидон

    Вила Посеидон се наоѓа на сама плажа во Калитеа, на 200м од центарот. Нема сопствен паркинг, но на само 30м од вилата има бесплатен паркинг, веднаш до хотелот Маргарита Има трикреветни и четирикреветни студија. 1/3 – трет спрат Трикреветните студија: брачен кревет за две лица и еден единечен кревет, (грчки стандард) мини кујна со прибор за готвење и јадење, одвоена од спалната, но не со врата, тоалет, клима уред, безжичен интернет, балкон со поглед страничен на море или градина. 1/4 – трет спрат Четворокреветните студија: брачен кревет за две лица и два единечни кревети (грчки стандард), мини кујна со прибор за готвење и јадење, тоалет, клима уред, безжичен интернет, балкон.…

    Comments Off on Вила Посеидон