Апартман Стела е лоцирана во близина на игралиштето на Неа Флогита 50 метри од плажа, со поглед на море.
Апартманот е 6-креветен на први спрат
Спална соба со еден брачен и единечен кревет од која се излегува на тeраса, тоалет, клима уред, телевизор, кујна и дневен престој каде што можат да се сместат уште три лица на три единечни кревети, од дневниот престој се излегува на тараса ….
Апартман бр 1 – 1 /6 – прв спрат
Има 2 простории. Спална соба со брачен и единечен кревет.
Дневна соба со три единечни кревети во истата просторија е кујната
Апартман бр. 2 – 1 /5 – дуплекс на приземје
Има 2 спални соби и дневен престој.
Спална соба со брачен кревет
Втора спална соба со два единечни кревети.
Дневна соба
НАЕМ на студио за 8 дена 7 ноќевања
Термини | 1/6 Апартман | 1/5 дуплекс |
24.05.2024 | 190 промо | 190 промо |
01.06.2024 | 300 | 300 |
08.06.2024 | 360 | 360 |
15.06.2024 | 420 | 420 |
22.06.2024 | 480 | 480 |
29.06.2024 | 520 | 520 |
06.07.2024 | 610 | 610 |
13.07.2024 | 660 | 660 |
20.07.2024 | 660 | 660 |
27.07.2024 | 690 | 690 |
03.08.2024 | 690 | 690 |
10.08.2024 | 660 | 660 |
17.08.2024 | 660 | 660 |
24.08.2024 | 580 | 580 |
31.08.2024 | 500 | 500 |
07.09.2024 | 450 | 450 |
14.09.2024 | 360 | 360 |
21.09.2024 | 250 | 250 |
Цените се во €, се плаќа во денари 1 € = 62 денари
ГПС координати : 40.25702, 23.22285
Во цената Е вклучено:
7 ноќевања
Користење безжичен интернет
Клима уред
Во цената НЕ Е вклучено:
Автобуски превоз (доплата за организиран превоз)
Патничко осигурување
Задолжителна туристичка такса 1,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
Важни напомени:
Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.
Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.
Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
Дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман
Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер..
Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите.
Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди.
Грчкиот стандард: единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см со 180-190см
Автобуски превоз
2.780 мкд / 45 € за возрасни – повратна карта
2.170 мкд / 35 € за деца 2-12 години – повратна карта
Деца до 2 години бесплатно – не користи седиштe
Превозникот го задржува правото за промена на цената на автобускиот превоз во случај на промена на цената на горивото.
Првиот ден на доаѓање и последниот ден на заминување патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до/од објектот на сместување.
Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето.
Можни се доцнења во летната сезона заради густината на сообраќајот за кои се извинуваме.
Вие сте должни да сте на договореното место и час, со Вашите документи и Вашиот багаж