Неа Флогита

Вила ” Maria ”

Вила ” Maria ”е лоцирана во центарот на Неа Флогита 50 метри од плажа, во близина на хотел ”Corfu” .
Вилата располага со четири-креветен апартман (спална соба со два единечни кревети од која се излегува на тараса, тоалет кујна и дневен престој каде што можат да се сместат уште двајца, дневниот престој излегува на тараса и има телевизор со тотал ТВ)
Aпартман бр 5
На високо приземје. Апартман кој располага со две простории. Една спална со два споени кревети и балкон, тоалет и соба со еден единечен кревет, софа, балкон и кујна во истата просторија.

Неа Флогита, туристичко место на западната страна од првиот крак Касандра во областа Халкидики. Се издвојува со нај долгата песочна плажа на Халкидики, бистрината на водата, авенијата на палмите, боровите, бујната вегетација, многубројните ресторани, продавници и детски забавни паркови. Сето ова ќе Ви ги исполнат деновите на Вашиот одмор незаборавни. На само 5-7 минути возење ве пресретнува градот Неа Мудања, еден од најголемите градови во областа Халкидики.

Наем на студио за 8 дена 7 ноќевања

термини 1/4 апартман
24.05.2024 180 промо
01.06.2024 280
08.06.2024 350
15.06.2024 410
22.06.2024 470
29.06.2024 520
06.07.2024 580
13.07.2024 610
20.07.2024 610
27.07.2024 640
03.08.2024 640
10.08.2024 610
17.08.2024 610
24.08.2024 540
31.08.2024 480
07.09.2024 410
14.09.2024 340
21.09.2024 240

Цените се во €, се плаќа во денари 1 € = 62 денари

Во цената Е вклучено:
7 ноќевања
Користење безжичен интернет
Клима уред

Во цената НЕ Е вклучено:
Автобуски превоз (доплата за организиран превоз)
Патничко осигурување
Задолжителна туристичка такса 0,50 € по соба на ден (се плаќа во агенција)

Важни напомени:
Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.
Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.
Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
Дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман

Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер..
Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите.
Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди.
Грчкиот стандард: единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см со 180-190см

Автобуски превоз

2.780 мкд / 45 € за возрасни – повратна карта
2.170 мкд / 35 € за деца 2-12 години – повратна карта
Деца до 2 години бесплатно – не користи седиштe

Превозникот го задржува правото за промена на цената на автобускиот превоз во случај на промена на цената на горивото.