Ханиоти

Вила ХРИСТИНА

Вила Христина лоцирана во мирен дел на Ханиоти, идеална за фамилии со мали деца каде спокојот несомнено ќе го најдат овде.
Од плажа е одалечена на само 130 метри, а од центарот плоштатчето на Ханиоти е на само 500 метри.
Вилата располага со четворокреветни апартмани и студија. Истата е изградена во два блока А блок и Б блок.
Апартманите со кои располагаме се наоѓаат и во двата блока на приземје и први спрат.
Сите апартмани се опремени со кујна, тоалет, телевизор, клима, а дел имаат поглед на море од балкон.

Цена по лице со вклучен превоз (задолжително плаќаат 2 лица)

термин Студио 1/4 / Апартман 1/2+1/2
19.05-26.05 119
26.05-02.06 139
02.06-09.06 159

Цена за наем на студио/мезонета ( цена БЕЗ превоз )

термин Студио 1/4 / Апартман 1/2+1/2
09.06-16.06 359
16.06-23.06 389
23.06-30.06 399
30.06-07.07 459
07.07-14.07 479
14.07-21.07 479
21.07-28.07 479
28.07-04.08 479
04.08-11.08 479
11.08-18.08 459
18.08-25.08 419
25.08-01.09 379

* Цена по лице со вклучен превоз (задолжително плаќаат 2 лица)

термин Студио 1/4 / Апартман 1/2+1/2
01.09-08.09 159
08.09-15.09 149
15.09-22.09 129
22.09-29.09 99

Цени во € се плаќа во денари 1€ = 62 денари

Цените за термините (19.05; 26.05; 02.06; 01.09;08.09; 15.09.2024) означени со звезда *
во табелата се пакет аранжмани по лице за 7 ноќи со ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ,
Останатите цени се за НАЕМ на апартман за 7 ноќевања

Користење на клима уред, паркинг, безжичен интернет – бесплатно

За пакет аранжман во апартман потребни се минимум 2 лица;
Трето,четврто лице се сместуваат бесплатно, доплаќаат само превоз доколку користат 45€ за возрасен или 35€ за дете од 02 – 12 години;
Дете до 2 години не плаќа (бесплатно);
За патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 10€ по лице

За рано резервирање се уплаќа аванс 50% од вредноста на аранжманот, додека трае акцијата. Остатокот од 50% 21 ден пред поаѓањето.

Попустите за рана уплата не важат за пакет аранжманите (датите означени со звездичка*)

Туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот),

Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер..
Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите.
Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди.
Грчкиот стандард: единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см со 180-190см

  • Доплата за превоз:

    45 € за возрасни – повратна карта;
    35 € за возрасни или деца – карта во еден правец
    35 € за деца до 12 години – повратна карта;
    Деца до 02 години бесплатно – не користи седиште

     

ОПИС НА СОБИТЕ

Студио B1 (приземје)
(1/4) – 4 лица
Студиото располага со една просторија раздвоена со ѕидана преграда.Во склопот на истата просторија е кујната.Кујната е комплетно опремена со кујнски инвентар, голем фрижидер,шпорет со фурна,аспиратор.Има еден дупол кревет комотен за спиење на две лица и два единечни кревети на спрат комотни за спиење на 2 лица, плакар за алишта, клима уред ,TVи излегува на тераса.На прозорите има комарници и на терасите има тенди. Од студиото се  излегува на тераса со маса и столици.Студиото располага со стандардно купатило и вц.

 

Студио B6 (прв кат)

(1/4) – 4 лица
Студиото располага со една просторија раздвоена со ѕидана преграда.Во склопот на истата просторија е кујната.Кујната е комплетно опремена со кујнски инвентар, голем фрижидер,шпорет со фурна и аспиратор.Има еден дупол кревет комотен за спиење на две лица и два единечни кревети на спрат комотни за спиење на 2 лица, плакар за алишта, клима уред ,TVи излегува на тераса.На прозорите има комарници и на терасите има тенди. Од студиото се  излегува на тераса со маса и столици.Студиото располага со стандардно купатило и вц.

Апартман бр.9(прв кат)

(1/2 +1/2) – 4 лица

Апартманот располага со две простории.Во првата просторија има еден дупол кревет комотен за спиење на две лица,плакар за алишта,тв,клима уред и излегува на тераса.Во втората просторија е кујната која е комплетно опремена со кујнски инвентар ,голем фрижидер ,шпорет со фурна и аспиратор.Во кујната има два кревети од кои едниот е стандарден , а другиот е на извлекување од под стандардниот кревет. Од апартманот се  излегува на тераса со маса и столици и има поглед према море .Апартманот располага со стандардно купатило и вц.