Лептокарија

Вила Јанис

Лептокарија денес е прекрасен град кој изобилува со убави објекти за сместување, изградени според високите стандарди на туризмот. Видно изменетата инфраструктура само го надополнува севкупниот впечаток на нејзината туристичка понуда. Освен со убавата плажа, овој град плени и со големата пешачка зона, големото шеталиште, убавиот парк со прекрасно зеленило…Иако првенствено важи за место за мирен фамилијарен одмор, големиот избор на таверни, кафе-барови, продавници, дискотеки и останати содржини, ќе го направат Лептокарија примамливо место и за оние кои очекуваат нешто подинамичен летен одмор.

ВИЛА ЈАНИС се наоѓа во Лептокарија, во централниот дел на градот во близина на градскиот парк и плоштад. До плажа има 8мин пешачење или 700м. Секоја соба располага со кујна опремена со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет, ТВ, балкон и клима (со доплата од 6 еур од ден и се плаќа на лице место).

Сите студиа располагаат со мини кујна со прибор за готвење и јадење, тв, клима (со доплата на лице место) балкон, распределени се на приземје, прв или втор спрат. .

Сликите кои се објавени на нашата веб-страница (www.jk.com.mk) се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените. Нашата веб-страница е од информативен карактер, за сите детали и специфичности, задолжително информирајте се кај нашите вработени.

-Туристичка такса се наплаќа на лице место по соба на ден од 1,5еур

за лица со сопствено возило, адреса: Ag.Papagaou 20, Leptokraya 60063

Гпс координати: 40.06023370980358, 22.560982723752115

  • Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава.
  • Цените се однесуваат на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
  • Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

(напомена: првите два и последните два термина се промо цени, и не подоложат на попуст)