Вила Теа се наоѓа на самата магистрала во центарот на Калитеа, веднаш до подвозникот кој води до плажа, веднаш до малата црква и паркот видиковец. До плажа има 200м пешачење. Вилата се состои само од 2+1 студија и две трокреветни студија. Сите нејзини соби гледаат кон море и се лоцирани на приземје или прв спрат, без разлика на тоа на кој спрат се, сите имаат ист поглед. Паркинг е дозволен пред самата вила но не е препорачливо, на 30м од вилата има паркинг на самата улица и е бесплатен.
Наспроти вилата има, продавници, ресторани, гиро, голем маркет Мазутис, фурна, продавници за сувенири, бунди, бижутерии и летна опрема.
Студијата 2+1 имаат капацитет за 2 возрасни лица + 1 дете, и одредени соби можат да примат 3 возрасни лица, но да се има во предвид дека спaлното легло е со помали мерки. Студијата располагаат со едноспално легло со помали мерки на кој би спиеле возрасен и дете и едно единечно регуларно легло, мини кујна со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет, балкон со поглед на море, клима без доплата, ТВ и wi-fi.
Трокреветните студија имаат 3 легла, т.е едно поголемо во мерки од стандардно 90см легло, и две стандардни легла, капацитетот на овие студија е 3 возрасни лица или 2 возрасни со 2 деца од кој едното спие со родител на поголемото легло, балкон со поглед на море, сопствен тоалет, мини кујна со прибор за готвење и јадење, плазма тв, клима и wi-fi.
Gps кординати: 40°4’35”N,23°26’50”E
Првите три и последните два термина се промо цени и не подложат на попуст
Цени за НАЕМ на соба за 8 дена / 7 ноќевања
термини | Студио 2+1 (2 возрасни + дете) | Студио 1/3+1 (3 возрасни + дете) |
19.05-26.05 | 109 | 119 |
26.05-02.06 | 159 | 179 |
02.06-09.06 | 219 | 259 |
09.06-16.06 | 299 | 329 |
16.06-23.06 | 369 | 399 |
23.06-30.06 | 419 | 439 |
30.06-07.07 | 539 | 559 |
07.07-14.07 | 549 | 579 |
14.07-21.07 | 579 | 609 |
21.07-28.07 | 619 | 639 |
28.07-04.08 | 619 | 639 |
04.08-11.08 | 619 | 639 |
11.08-18.08 | 619 | 639 |
18.08-25.08 | 509 | 519 |
25.08-01.09 | 449 | 469 |
01.09-08.09 | 329 | 349 |
08.09-15.09 | 299 | 319 |
15.09-22.09 | 229 | 249 |
22.09-29.09 | 149 | 179 |
Цените се во €, се плаќа во денари 1 € = 62 денари
Во цената Е вклучено:
Користење клима уред,
Користење безжичен интернет
Во цената НЕ Е вклучено:
Автобуски превоз
Патничко осигурување
Туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
Спецификација и капацитет на собите:
Double + 1 chd
Максимум капацитет: 3 лица
Максимум возрасни: 2 лица
Максимум деца: 1
Triple
Максимум капацитет: 4 лица
Максимум возрасни: 3 лица
Максимум деца: 2
Попуст за превоз по лице:
Дете од 2-11,99год 10 € од редовната цена
Дете до 1,99год – бесплатно и не користат седиште
Информации, услови, попусти
Цените обележани со црвено се промо цени
На промо цените и цени за рана резервација НЕ следува попуст
Сместување во собите прв ден е после 14 часот (локално време),
Напуштање на собите последен ден најдоцна до 10 часот (локално време)
Туристичката такса се плаќа на лице место по пристигнувањето во објектот..
За уплата на два последователни термини одобруваме 7% попуст
Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
Купени или резервирани аранжмани по објавени/редовни цени не може да се споредуваат со ист аранжман понуден и продаден по рани резерваци или т.н. last minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот поради: отказ од клиент, намалена цена од сопственикот или непродадена соба од контингентот) НЕ следува корекција на цената.
Важат Општите услови на СКТМ
Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер..
Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите.
Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди.
Грчкиот стандард: единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 115-160см х 180-190см
Информации; цени, време на поаѓање, места на поаѓање до/од Халкидики (секоја Недела)
Цена по лице за превоз од Скопје | време на поаѓање | возрасен | деца 2-12 |
Скопје – Дрводекор | 04:00 | 45 | 35 |
Велес – БП Макпетрол-кружен тек | 04:30 | 45 | 35 |
Штип – паркинг пред пошта, трансфер до Велес | 03:40 | 60 | 50 |
Неготино – бензинска, Неготино | 05:00 | 45 | 35 |
Граничен премин – бензинска Шимов | 06:00 | 45 | 35 |
Цена по лице за превоз од Битола | време на поаѓање | цена | |
Битола – Автобуска станица Транскоп – на перон | 04:00 | 40 | 30 |
Прилеп – БП Селида, трансфер до Битола | 03:15 | 40 | 30 |
Струга – Хотел Дрим, трансфер до Битола | 02:15 | 50 | 40 |
Охрид – БП Лук Оил излез кон Битола, трансфер до Битола | 02:30 | 50 | 40 |
Ресен – спроти автобуска станица, трансфер до Битола | 03:15 | 50 | 40 |
Цените се во €, се плаќа во денари 1 € = 62 денари
Деца до 1,99 год – бесплатно и не користат седиште
Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe
ЧАС И МЕСТО НА ПОАЃАЊЕ ОД ГРЦИЈА
локално (грчко) време | македонско време | летовалиште |
15:00 | 14:00 | Калитеа |
14:45 | 14:00 | Полихроно |
14:30 | 13:30 | Ханиоти |
14:15 | 13:15 | Пефкохори |
Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето
Поради густиот сообраќај во летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
Првиот ден на доаѓање и последниот ден на заминување патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до/од објектот на сместување.
Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
Секој дополнителен багаж се наплаќа 10€ по куфер
Gps: 40°4’35”N,23°26’50”E